Режисерот и 3Д артист Анис Наем го претстави концептот Terzo Millenio во промотивно видео, кое не е нарачано од Lamborghini.
Да, токму така. И покрај тоа што изгледа фантастично, целата идеја и изведба на ова видео е исклучиво дело на Анис. Тој во својата промоција на Lamborghini Terzo Millenio користи комбинација од аниме и неон стилови, со импресивни визуелни ефекти.
Ова е одличен пример каков резултат можат да дадат уметниците кога ќе им биде дадена целосна слобода во креирањето на нивните дела. Непостоењето на граници и водилки понекогаш овозможува формирање на фантастични идеи, токму како во овој случај.
Попуштете го звукот и уживајте!