Најмоќната изведба на најмалиот член на AMG семејството пристигна во салонот на Mercedes-Benz во Скопје.
Благодарение на супер-тјунираниот 2-литарски турбо-бензинец, Mercedes-AMG A45 S располага со 421 коњска сила и моќни 500 Nm вртежен момент. Силата ја пренесува кон сите четири тркала преку автоматски менувач со двојна спојка и посебно-нагоден 4Matic систем. Сето ова му овозможува на супер-хечбекот да забрза до 100 километри на час за само 3.9 секунди, како и максимална брзина од 270 километри на час.
Секако, каросеријата и подвозјето се дополнително затегнати, што пак влијае позитивно на цврстината на автомобилите и соодветно на тоа – управливоста. Инженерите од AMG се фалат со AMG Torque Control системот кој е дел од Performance 4Matic+ системот.
Овој систем е поставен во задниот диференцијал и користи две електронски-контролирани спојки за поголема прецизност при дистрибуција на силата меѓу задните тркала. Ќе напоменеме дека и Mercedes-AMG A45 S добива и Drift режим, кој може да се нарача како дополнителна опрема кај стандардните верзии.
За повеќе информации, посетете го салонот на Mercedes-Benz, но во меѓувреме – погледнете ги фотографиите!