Pagani објави видео од епската симфонија која ја произведува моторот на нивниот најнов хиперавтомобил наменет за тркачките патеки.
Моторот е 6.0-литарски природно аспириран V12 агрегат, кој произведува 838 кс при 8,250 вртежи и 750 Nm вртежен момент при 5,500 вртежи, а неговиот опсег на работа е до 9,000 вртежи во минута.
Главниот „музички инструмент“ заслужен за прекрасниот звук е специјално развиениот керамички обложен издувен систем со четири издувни цевки, чија дебелина е за две третини потенка од онаа на серискиот модел на Huayra.
Сите цевки се со еднаква должина, што според Pagani е клучниот елемент зошто V12 агрегатот звучи како Формула 1 болид од минатото.
Попуштете го гласот на вашите звучници или слушалки и уживајте!