Утринска Гимнастика: Снежен танц со отворен кров во Ferrari SF90 Spyder – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Утринска Гимнастика: Снежен танц со отворен кров во Ferrari SF90 Spyder

Ferrari објави видео во кое новиот SF90 Spyder забавно пролизгува над замрзнато езеро во прекрасен снежен предел.

Новиот SF90 Spider е погонуван од хибридна комбинација, составена од твин-турбо V8 бензински агрегат со 780 коњски сили и три електрични мотор, кои ја покачуваат вкупната сила на 1000 кс и 900 Nm вртежен момент. Тие погонуваат различни оски, што го прави SF90 Spider да има погон на сите тркала.

Опремен со зимски гуми со жилци, хиперавтомобилот се движи динамично и на најзамрзнатите површини. Токму тоа го прикажува Ferrari, на одличен начин и во прекрасно опкружување.

Погледнете го видеото и уживајте!



Отсекогаш Филип се интересирал за дизајнот и перформансите на автомобилите, а во срце му лежат легендарните спортски модели со забавен карактер кои можат да ги совладаат свиоците со огромна брзина.