По Kia, Peugeot и Fiat следен на ред е Renault да започне да применува нов дизајн на ознаката почнувајќи од 2022 година.
Новото лого дебитираше кај проторипот Renault 5 и се одликува со дводимензионален дизајн на две преклопени дијаманти. За прв пат ќе се употреби на сериски автомобил следната година, но не е јасно кој модел ќе биде тоа, иако се шпекулира дека се работи за сериската верзија на концептот Megane eVision.
Новиот директор за дизајн на Renault – Жил Видал – изјави дека сите автомобили на производителот ќе го добијат новото лого до 2024. Од почетокот на компанијата во 1900 година, ознаката претрпе неколку промени, а новото лого ќе ја потенцира електрифицираната трансформација на брендот.
Исто така и ниско-буџетниот бренд на Renault – Dacia ќе добие ново лого во 2022. Тоа ќе биде логото кое го красеше предниот дел на моделот Bigster, претставен на почетокот од годинава. Ќе биде значително поразлично од сегашната ознака, која на голем дел од љубителите на автомобили им наликуваше на отварач за шишиња.