Hyundai сè повеќе ја открива спортската Kona N – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Hyundai сè повеќе ја открива спортската Kona N

Hyundai ни откри повеќе детали од новата Kona N преку неколку темни, но сепак прилично откривачки фотографии.

Од фотографиите можеме да препознаеме редизајниран преден дел со нови отвори за воздух и голема значка. Околу целиот автомобил има црни и црвени детали, а гледаме и големи тркала кои најверојатно ќе бидат обвиени во спортски пневматици. Задниот дел добива голем дифузер како и двојни завршетоци на издувниот систем. Сликата ја спортскиот SUV ја заокружуваат задниот спојер и триаголното стрето стоп светло.

Сега за сега немаме точни информации за перформансите, но кога објавија фотографии од тестирањето на Kona N, од Hyundai потврдија дека новиот спортски SUV ќе добие 2-литарски турбо-бензинец и DCT автоматски менувач со двојна спојка. Се очекува оваа конфигурација да испорачува околу 280 коњски сили и 350 Nm вртежен момент.

Уште не е потврдена датата за официјалното деби на Kona N, но очекуваме тоа да се случи наскоро.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.