Од вечерва на полноќ, максималните малопродажни цени на бензините се зголемуваат по половина денар, но цената на дизелот останува иста.
Малопродажните цени на ЕУРОСУПЕР-95 и ЕУРОСУПЕР-98 се зголемуваат за по 0.50 денари. Еден литар 95-октански бензин ќе чини 66.00 денари, додека еден литар 98-октански бензин ќе чини 68.00 денари.
Цената на ЕУРОДИЗЕЛ горивото не се менува, и еден литар дизел и понатаму ќе чини 56.00 денари.
Извор: РКЕ