Популарната франшиза на холивудски филмови исполнети со автомобилска акција објави ново најавно видео за претстојниот 9ти филм.
Како што се сеќавате, Fast 9 најпрво беше најавен дека ќе дебитира минатата година на 22-ри Мај, но подоцна беше презакажан за 28ми Мај оваа година. Не е сигурно дали датумот ќе остане за сигурно, но новото видео е добар знак дека премиерата наближува.
Од она што можеме да го видиме во краткото видео, во филмот ќе се користат моделите Nissan Skyline GT-R R34, Dodge Charger, Noble M600, Toyota GT86 и Datsun 240z.
Погледнете го видеото и уживајте!