Бензините поскапуваат по еден денар, дизелот поскапува половина денар. – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Бензините поскапуваат по еден денар, дизелот поскапува половина денар.

Регулаторната Комисија за Енергетика тукушто ги објави новите – повторно зголемени – цени на горивата.

Малопродажните цени на горивата се зголемуваат. ЕУРОСУПЕР-95 и ЕУРОСУПЕР-98 поскапуваат по еден денар, па еден литар од овие горива ќе чини 64.50, односно 66.00 денари.

Цената на ЕУРОДИЗЕЛ горивото исто така се зголемува, но за половина денар. Еден литар дизел гориво ќе чини 55 денари.

Новите цени стапуваат на сила вечерва на полноќ и ќе важат до следната пресметка, односно до следниот вторник.

Извор: РКЕ



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.