Puma и Fiesta добиваат нов, 7-брзински менувач со двојна спојка – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Puma и Fiesta добиваат нов, 7-брзински менувач со двојна спојка

7-брзинскиот менувач со двојна спојка во комбинација со одличниот 1-литарски EcoBoost лајт-хибриден турбо-бензинец гарантираат вистинско уживање зад воланот.

Менувачот со двојна спојка е одличен новитет – менувањето на брзините е инстантно, а придобивките се и во насока на забава зад управувачот, но и во насока на подобрена ефикасност. Од Ford додаваат дека со новиот менувач се достапни и нови функционалности на лајт-хибридниот погон – како што Stop & Go функционалност за адаптивниот темпомат, како и стартување од далечина преку FordPass апликацијата за мобилен телефон.

Ниту подобрувањата во ефикасноста не се за занемарување – според официјалните податоци, лајт-хибридниот погон кај Puma EcoBoost Hybrid и Fiesta EcoBoost Hybird ќе биде за 5% поефикасен кога ќе биде искомбиниран со новиот менувач. Лајт-хибридниот погон (со интегриран стартер-генератор) се нуди во две изведби – со 125 или 155 коњски сили.

Новиот менувач наскоро ќе биде достапен за нарачки со Fiesta EcoBoost Hybrid и Puma EcoBoost Hybrid. Нема информации дали Ford ќе го понуди овој менувач и кај други модели.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.