General Motors ја претстави најновата хумористична реклама за овогодишниот Super Bowl, во која глумат Вил Ферел, Cadillac Lyriq и GMC Hummer EV – но Audi веќе одговори на предизвикот!
Норвешка е земјата која води по продадени електрични возила по жител, а комичарот Вил Ферел сака САД да и ја превземат првата позиција. Поради тоа ги повикува актерите Кенан Томпсон и Аквафина, со цел да слетаат таму и да пренесат јасна порака.
Што се случува понатаму, погледнете во видеото:
Но Audi веќе подготви одговор – а има и со што да се пофали, токму E-Tron беше едно од најпродаваните електрични возила во Норвешка.