Land Rover ја прославува продажбата на еден милион примероци од Range Rover Sport – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Land Rover ја прославува продажбата на еден милион примероци од Range Rover Sport

Најпопуларниот модел на Land Rover во последниве години забележа значително достигнување – продажба на еден милион примероци од претставувањето на првата генерација пред 15 години.

Прво претставен преку концептот Range Stormer, моделот Range Rover Sport стана најпродаваниот модел на Land Rover на сите времиња. Иако многумина мислеа дека ознаката Sport всушност значеше делумно жртвување на теренските способности за сметка на поспортскиот и поагресивен изглед, се покажа дека Range Rover Sport е вистински теренец кога треба да биде, и дека e успешен рецепт за ловење на купувачите.

За да гo означи достигнувањето, Британскиот производител објави видео каде не потсетува на нивните претходни успеси, кои ја вклучуваат титулата за најбрз кросовер на Nurburgring во 2014 со кругот на Range Rover Sport SVR од 8 минути и 14 секунди.

Видео монтажата исто така го покажува достигнувањето на кросоверот од пред неколку години, во кое ги искачи 999-те скали до Портата на Рајот со користење на изведбата Range Rover Sport PHEV.



Отсекогаш Филип се интересирал за дизајнот и перформансите на автомобилите, а во срце му лежат легендарните спортски модели со забавен карактер кои можат да ги совладаат свиоците со огромна брзина.