Renault Captur и Peugeot 2008 се најпродавани кросовери од Б-сегментот во 2020 – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Renault Captur и Peugeot 2008 се најпродавани кросовери од Б-сегментот во 2020

Француското дуо се најде на врвот во можеби најконкурентниот сегмент во моментов, по број на продадени возила во минатата година.

Иако претрпе намалување за дури 19% со продадени вкупно 1.85 милиони примероци, Б-Кросовер сегментот беше еден од сегментите со најголем удел на пазарот од 15,5% во Европа минатата година.

Како најголем победник од сите учесници во оваа категорија се истакна втората генерација на Renault Captur, продадена во 167,823 примероци. Зад него, со околу 12,000 помалку продадени возила се најде уште еден француски кросовер – втората генерација моделот Peugeot 2008, купен во 155,736 примероци.

Популарноста на двата предводници значително ја влоши продажбата на трето и четврто пласираните Volkswagen T-Roc и Dacia Duster. Тие претрпеа намалување од 28 и 32 проценти, со продадени 148,824 и 138,670 нови возила.

Петтата позиција ја приграби Hyundai Kona, која се продаде во 127, 957 примероци, а резултатите од останатите модели во сегментот можете да ги погледнете на сликите во галеријата:

Извор на сликитe: @carindustryanalysis



Отсекогаш Филип се интересирал за дизајнот и перформансите на автомобилите, а во срце му лежат легендарните спортски модели со забавен карактер кои можат да ги совладаат свиоците со огромна брзина.