Македонскиот дистрибутер за возилата на Mitsubishi – компанијата Мак Аутостар – е прогласен за најдобар дистрибутер за јапонскиот бренд во Европа за 2020.
Од Мак Аутостар кажуваат дека податоците се однесуваат за постигнатите резултати во продажбата во однос на учеството на локалниот пазар. Со пазарно учество од околу 2.7%, Mitsubishi котира добро на нашиот пазар, а токму тоа учество е највисокото на пазарот на нови возила во Европа.
Веднаш зад Македонија, Mitsubishi најмногу се продава во Норвешка, Исланд, Финска, Германија… Сепак, од Mitsubishi истакнуваат дека ASX и Space Star во споредба со другите пазари во Европа, најмногу се продавале токму кај нас.
„Минатата година беше исклучително ризична поради пандемијата. Сепак многу податоци укажуваа дека КОВИД ситуацијата ќе биде долготрајна, што значеше и барање начини за намалување на притисокот врз економијјата. Исто така, во Македонија пресудни беа и комплексните, социо-психолошки фактори на купувањето, што подоцна сето тоа се покажа како точно. Воедно, би сакал да се заблагодарам на купувачите, бидејќи без нивната доверба, немаше да го постигнеме овој бизнис успех“ – изјави директорот на Mitsubishi за Македонија, Владица Кокаловиќ.
Им честитаме на успехот!
Извор: PR Мак Аутостар