Моделот Project Trinity ќе стане новиот знаменосец на Volkswagen – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Моделот Project Trinity ќе стане новиот знаменосец на Volkswagen

Германскиот бренд потврди дека работи на нов врвен електричен модел со висока технологија, кој ќе биде наречен Project Trinity.

Не е објавено кога тој ќе биде претставен, но одговорните од Volkswagen потврдија дека автомобилот ќе има високо ниво на автономија, и ќе биде создаден над уникатна електрична архитектура, а ќе биде произведен со користење на нов радикален производен процес.

Возилото прикажано во најавната слика, е претставено од извршниот директор на VW – Ралф Брандштетер – како „високо-ефикасен концепт со ниско седење и иконски дизајн – наш водач во иновациите.“

Иако е потполно покриено, неговата ниска и широка форма е веднаш забележлива. Речиси сигурно е да се каже дека овие пропорции се постигнати со користење на новата уникатна архитектура над која моделот ќе биде базиран, а се очекува истата да биде еволуција на MEB платформата на која е поставен моделот ID.3.

Според Брендштетер, моделот ќе биде „шампион во нови системи“, и дека „VW ќе го преземе водството во рамна платформа со врвна технологија“. Покрај тоа, изјави и дека германската компанија ќе постави нови стандарди во опсегот, брзината на полнење и дигитализацијата на електричните возила.

Volkswagen исто така потврди дека Project Trinity ќе биде високо ефикасно возило со второ ниво на автономија, но и дека компанијата ќе го направи да биде „подготвено за четврто ниво“. Ова ниво на автономија им овозможува на возачите целосно да ја препуштат контролата на возилото, со што ќе му овозможат да го управува воланот, забрзувањето и сопирањето без никаква интервенција на возачот. Сепак, сè уште нема легислатива која дозволува такво возило да се користи на јавните патишта.



Отсекогаш Филип се интересирал за дизајнот и перформансите на автомобилите, а во срце му лежат легендарните спортски модели со забавен карактер кои можат да ги совладаат свиоците со огромна брзина.