Неодамнешната студија која ја објави Carinsurance.aе ги објавува информациите за најпродаваните автомобили во сите земји во светот.
Според студијата, најпродаваниот модел на светот е Tojota Corolla со над 1,483,120 продадени примероци, а зад него е Серијата F на брендот Ford, додека на третата позиција е повторно Toyota со кросоверот RAV4.
Доколку споредиме според бројот на држави во кои е најпопуларен одреден модел, повторно се навраќаме на Toyota – поточно на камионетот Hilux.
Јапонскиот пикап е најпродаван во околу 17 земји, а меѓу нив се Австралија и Тајланд, како и многу држави од Јужна Африка и Јужна Америка.
На второто место по број на земји е повторно Toyota, и тоа во вкупно 10 со теренецот Land Cruiser. Големиот Јапонски модел е посебно популарен во земјите на блискиот исток како Либан, Катар, Кувајт, Соединетите Арапски Емирати итн.
Конечно, на третото место има модел кој не доаѓа од Toyota, туку од Skoda. Octavia е автомобилот кој е лидер во 7 земји, а меѓу нив се Швајцарија, Хрватска, Србија, Австрија и Чешка.
Toyota исто така може да се пофали дека по еден од нивните модели е најпродаван во околу 48 земји, пред Skoda со вкупно 10 земји, а Dacia и Renault ја делат третата позиција со по 7 земји.