ПРЕМИЕРА: Alfa Romeo го претстави Stelvio Veloce Ti – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

ПРЕМИЕРА: Alfa Romeo го претстави Stelvio Veloce Ti

Stelvio Veloce Ti може да се добие со 280-коњски турбо-бензинец или 210-коњски турбодизел.

Европските купувачи на Alfa Romeo сега можат да го нарачаат големиот SUV Stelvio во Veloce Ti изведба.

Stelvio Veloce Ti добива бодикит кој е директно-инспириран од моќниот Stelvio Quadrifoglio – бодикотот добива поагресивни браници и заден дифузер, а дел од пакетот се и големи 21-инчни тркала.

Кабината добива спортски седишта обвиени во кожа и Алкантара, а спортските елементи продолжуваат со црн тапацир како и детали од карбон. Ќе добиете и црни декоративни елементи околу прозорците, затемнети значки, затемнети прозорци и уште неколку други ситници.

Новиот Alfa Romeo Stelvio Veloce Ti ќе може да се добие со 2-литарскиот турбо-бензинец со 280 коњски сили (ист каков што ние возевме пред неколку години), или пак со 2.2-литарски турбодизел со 210 коњски сили (каков што возевме во Giulia Veloce минатата година). Без разлика кој мотор ќе го одберете, Stelvio Veloce Ti ќе дојде со Q4 погон на сите четири тркала.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.