Во салонот во Скопје пристигна најмалиот SUV на корејскиот производител – новиот Hyundai Venue!
Hyundai го најави Venue како SUV за млади и енергични луѓе. Го нуди во 8 интересни нијанси и нуди можност за избор на кров со различна боја од остатокот од каросеријата. На предниот дел доминираат дводелните светлосни групи и храбрата маска, додека задниот дел изгледа поконзервативно со исклучок на една линија на браникот која кај секој Venue ќе биде во истата боја како и кровот.
Формата на Venue безмалку гарантира надпросечна просторна понуда во кабината. Покрај тоа, во малиот SUV ќе може да се добие 8-инчен централен екран на допир, 3.5 инчен екран во склоп на инструмент таблата, задна камера, Android Auto и Apple CarPlay синхронизации, како и низа на безбедносни системи кои се наоѓаат во поголемите Hyundai модели.
На нашиот пазар Venue се нуди со 1.6-литарски атмосферски бензинец со 123 коњски сили, кој може да се комбинира со 6-степен мануелен или пак автоматски CVT менувач. Цените започнуваат од 17.900 Евра за Venue во Style M ниво на опрема и мануелен менувач, додека на самиот врв е Venue во Ultimate ниво на опрема и во комбинација со автоматски менувач, кој чини 23.000 Евра.
Сепак, дури и основното ниво на опрема доаѓа со многу додатоци – од 8-инчен мултимедијален уред, темпомат, задни паркинг-сензори, LED дневни светла, деллива задна клупа, централно заклучување, управувач и менувач обложени со кожа, клима уред и многу, многу повеќе.