Меѓународното жири за избор на „Камион на Годината“ ја додели наградата за најиновативни камиони за 2021 година на Mercedes-Benz. Станува збор за двата концепт камиони, едниот со електричен погон eActros, и вториот со погон на водорот, именуван како GenH2.
Жирито кое ги доделува наградитре за Камион на Годината се состои од 25 уредници и искусни новинари од областа на товарни возила, а признанието за најиновативни камиони за 2021 оди токму во рацете на Mercedes-Benz.
Mercedes-Benz е првата фабрика во светот, која уште во 2016-та година претстави тешко товарно возило на електричен погон наменето за транспорт во урбани средини.
Во 2018-та година, прототипот на eActros премиерно е прикажан, а предвидено е веќе во 2021-та година да почне и неговото сериско производство. Камионот ќе има досег од нешто над 200 километри.
Во Септември 2020 година, Mercedes-Benz го претстави и концептот GenH2, со погон на водорот и досег од 1,000 километри, а неговото сериско производство е планирано во втората половина на оваа деценија.
Извор: PR Mercedes-Benz