ПРЕМИЕРА: Audi TTS добива Competition Plus изведба – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

ПРЕМИЕРА: Audi TTS добива Competition Plus изведба

Audi TTS Competition Plus добива екстра опрема и грст спортски детали.

Моќниот Audi TTS веќе користи 2-литарски TFSI турбо-бензинец кој преку quattro погон кон сите четири тркала испорачува моќни 320 коњски сили и 400 Nm вртежен момент. Благодарение на сето ова, спортското купе од Инголштад забрзува до 100 километри на час за 4.5 секунди и постигнува максимални (електронски ограничени) 250 километри на час. Меѓу другото, стандардно добива и адаптивни магнетно-контролирани амортизери и многу, многу повеќе.

Сепак, со новата Competition Plus изведба, сите модели ќе добијат LED предни светла, затемнети стакла, црвени шепи од сопирачките, големи 20-инчни тркала, голем заден спојлер, странични Audi прстени и уште еден куп други ситни детали во темни бои.

Кабината добива нов, 12.3-инчен Virtual Cockpit дигитален панел со инструменти, седишта обвиени во супер-мека Nappa кожа и контрастни шевови, детали од хром, карбон и алкантара, и многу, многу повеќе.

Audi TTS Competition Plus ќе може да се нарача во Chronos Grey, Glacier White, Tango Red или Turbo Blue, и ќе можете да го нарачате како купе или роудстер. И во двете варијанти изгледа одлично!



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.