Сите идни автомобили од производителите Hyundai, Kia и Genesis, почнувајќи од 2022 ќе доаѓаат сериски опремени со Nvidia Drive мултимедијални системи.
Системот Nvidia Drive ќе користи хардверски и софтверски пакети кои ќе ги содржат сите аудио, видео, навигациони и мрежни функции на автомобилот. Тој ќе се користи во сите возила од најниско до највисоко ниво на опрема, а ќе може да се надгради преку безжична технологија.
Со овој потег, групацијата Hyundai Motor Group ќе ги опреми идните модели со нов оперативен систем развиен во компанијата и ќе ги складира информациите генерирани од возилото и неговите сензори, како и надворешно поврзаните уреди со цел да им овозможи на возачите и патниците попријатно искуство.
Во некои модели кои се продаваат исклучиво на Северно-Американскиот континент веќе е вграден системот Nvidia Drive, а во развој е и напреден дигитален кокпит кој ќе биде претставен наредната година.