Најпопуларното трио од автомобилски новинари најавува ново патешествие на егзотичниот остров Мадагаскар.
По речиси едногодишното отсуство од екраните, Џереми Кларксон, Ричард Хамонд и Џејмс Меј се враќаат со нова епизода, исполнета со интересни возила, комични ситуации и необични модификации.
Во најновото видео кое ќе дебитира на 18ти Декември, тие ќе патуваат низ најразлични терени и ќе се соочуваат со возбудливи предизвици позади воланите на Ford Focus RS, Caterham 7 и Bentley Continental GT.
Погледнете ја најавата и уживајте!