ПРЕМИЕРА: Lamborghini Huracan STO е вистински уличен тркач! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

ПРЕМИЕРА: Lamborghini Huracan STO е вистински уличен тркач!

Huracan STO е можеби најтврдокорната изведба на најмалиот модел на Lamborghini – полесен и поагресивен, ова е вистински уличен тркач!

Huracan STO е цели 43 килограми полесен од веќе-лесниот Huracan Performante. Во оваа конфигурација, 5.2-литарскиот врескачки атмосферски V10 испорачува 640 коњски сили и 565 Nm вртежен момент, доволни за лансирање до 100 километри на час за рамно 3 секунди, 200 километри на час за рамно 9 секунди, како и максимална брзина од 310 километри на час.

Секако, свој придонес тука играат и аеро-подобрувањата кои влечат потекло директно од Super Trofeo изведбата на Huracan. Според Lamborghini, користено се искуствата и експертизата од Super Trofeo и GT3 програмите, и сето тоа е рафинирано и отелотворено во Huracan STO. Од Lamborghini кажуваат дека ова е ултимативното возачко искуство, подготвено за најагресивните тркачки патеки, но создадено за улиците.

Дизајнерите и инженерите на Lamborghini влечеле инспирација и познавање директно од Squadra Corse тркачките модели – на пример, целиот преден дел (предниот поклопец, крилата и предниот браник) се еден единствен дел. Добиваме и нов преден сплитер, нов заден браник со интегриран дифузер и масивен спојлер, огромни отвори за воздух…

Тркачки автомобил, „припитомен“ за обичните улици, нели?



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.