Mercedes-AMG GT4 го украде рекордот на Нирбургринг од Porsche Panamera – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Mercedes-AMG GT4 го украде рекордот на Нирбургринг од Porsche Panamera

Mercedes-AMG GT4 постави ново најбрзо време на „Зелениот Пекол“, со што повторно ја зема титулата за најбрз луксузен седан со четири врати на патеката.

Новото време од 7 минути и 27.8 секунди е за 2.3 секунди побрзо од времето кое го постигна минатата година. Во меѓувреме, Porsche со својата Panamera поставија рекорд и ја поседуваа титулата за најбрз луксузен седан до овој момент.

Специјалното класифицирање како „најбрз луксузен седан“ е направено благодарение на Jaguar XE SV Project 8, кој ја чува главната титула за најбрз седан на Нирбургинг и е значително побрз од Mercedes-AMG GT4 со постигнато време од 7 минути и 18.38 секунди.

Сепак, се шпекулира дека овој рекорд на Mercedes е само загревање кон главното случување – нов рекорд за сериски автомобил со новиот AMG GT Black Series.



Отсекогаш Филип се интересирал за дизајнот и перформансите на автомобилите, а во срце му лежат легендарните спортски модели со забавен карактер кои можат да ги совладаат свиоците со огромна брзина.