Пристигна освежениот Kia Rio – Ветува технологии од поголеми автомобили и освежен дизајн – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Пристигна освежениот Kia Rio – Ветува технологии од поголеми автомобили и освежен дизајн

Во салонот на Kia Motors Macedonia веќе може да се види освежениот Kia Rio. Надградениот модел се карактеризира со низа подобрувања за повторно зајакнување на позицијата на автомобилот во рамките на Б-сегментот, каде конкуренцијата е навистина остра.

Rio ќе биде понуден во три нови нивоа на опреми кои ќе се комбинираат со два бензински мотори. Првото ниво е Base, па следуваат изведбите Reference 1 и 2. Нивото Base се комбинира исклучиво со новиот 1.2 литарски бензински мотор со петстепен мануелен менувач и 84 коњски сили, додека во повисоките опреми е вклучен и 1-литарскиот T-GDI турбо-бензинец со 100 коњски сили кој има можност да се добие со шест-степен мануелен или седум-степен автоматски менувач. Дополнителна новина околу погоните е и блегиот-хибрид, кој доаѓа со 1.0 литарски мотор со моќност од 120 коњски сили.

Нивото Base во себе вклучува опрема како ESC систем за контрола на стабилноста, EBD-ABS контрола на силата на сопирање и спречување на блокирање на тркалата при ненадејно сопирање, TPMS контрола на притисок во пневматици, мануелен клима уред, аудио систем со USB конекција и 4 звучници, аудио команди на управувачот и Bluetooth конекција за поврзување со телефон + Audio Streaming.

Потоа следи Reference 1 пакетот на опрема кој има сè од пониското ниво и дополнително FCA систем за избегнување фронтален удар со препознавање на пешаци, темпомат, ограничувач на брзина, аудио систем со 8″ дисплеј осетлив на допир со поддршка за Android Auto и Apple Car Play, предни LED дневни светла, како и предни и задни сензори за помош при паркирање.

Најопремената изведна е Reference 2, а во неа се вклучени автоматска контрола на светла, сензор за дожд, внатрешен ретровизор со електронско замаглување, автоматски клима уред стартување на моторот со копче, предни и задни LED светла.

Поврзано:  ТЕСТ: KIA Picanto 1.2 5MT Concept - Добрите нешта доаѓаат во мали пакувања!

Повеќе за новиот Kia Rio може да погледнете на официјалната страна или во салоните на Kia Motors Macedonia.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.