Во салонот на шпанскиот бренд во Скопје веќе е пристигната и изложена освежената Ateca.
SEAT неодамна ја освежи Ateca, а со оглед на тоа дека првиот SUV на брендот се покажа како навистина популарен меѓу купувачите, дизајнерите и инженерите на шпанскиот бренд беа многу внимателни.
Ateca го задржува широкиот и мускулест став, но сега е нешто подолга поради редизајнираните предни и задни браници. Предниот дел добива нов лик кој е во согласност со новите (и идни) дизајнерски насоки на SEAT, па добиваме нов преден браник и предни светла со LED технологија. Страничните линии и понатаму се остри, додека на задниот дел добиваме нов заден браник, задни светла со LED технологија и динамични трепкачи и уште неколку други ситни детали.
Кабината добива 10.25-инчен Seat Digital Cockpit пред возачот, како и 8.25 или 9.2 инчен мултимедијален уред на централната конзола. Воведени се некои нови материјали во кабината кои ја истакнуваат и дополнуваат робустноста на Ateca, како и редизајниран управувач. Интересно е и новото ветробранско стакло кое добива Climacoat третман, кој овозможува одмрзнување за само 2-3 минути.
За повеќе информации околу освежената Ateca, посетете го салонот на SEAT, или пак официјалната веб-страница на SEAT.