Специјална акциска понуда за Continental зимски пневматици – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Специјална акциска понуда за Continental зимски пневматици

Наскоро започнува законската обврска за задолжително носење зимска опрема, а Continental и нашите пријатели од Мотоцентар веќе подготвија специјална акција за лојалните купувачи.

На 15-ти ноември започнува законската обврска за задолжителна зимска опрема во возилата, а според нас најважни се токму зимските пневматици.

Можеби гумите изгледаат како да не се сменети многу со текот на годините, но тоа не е така – секојдневно се прават подобрувања на нивниот состав, кој е срце на пневматикот. Тајниот состав на Continental во неговите зимски пневматици се нарекува Cool Chili – зимска верзија на добро познатиот летен „зачин“ Black Chili.

Continental произведува зимски пневматици за сите видови патнички возила и лесни камиони. Неговото семејство на пневматици WinterContact ги задоволува потребите на сите, од сопствениците на компактни автомобили што бараат најдобри вкупни перформанси (WinterContact TS 860) до сопствениците на ултраспортски автомобили со високи перформанси (супер-автомобили), кои сакаат извонредни перформанси за исклучително задоволство од возењето дури и кога патиштата не се во оптимална состојба (WinterContact TS 860 S).

За сè што е меѓу ова, тука е WinterContact TS 850 P, пневматик усовршен за средни и луксузни возила, како и за SUV возила. Continental, исто така, има одличен пневматик за сите што бараат решенија во текот на цела година, а тоа е AllSeasonContact.

Дополнително, за сите купувачи на зимски пневматици, Continental и Мотоцентар подготвија специјална акција – со секој сет од четири зимски гуми од брендот Continental ќе добиете подарок Continental ранец. Количините се ограничени, побрзајте!



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.