GR Sport е во суштина ниво на опрема со кое дополнително се истакнуваат динамичниот карактер на C-HR, но и спортските амбиции на Toyota.
C-HR GR Sport ќе го препознаете по црните детали околу целиот автомобил, затемнетата хромирана маска, како и поагресивниот преден сплитер. Добива и специјални, 19-инчни тркала обвиени во Continental Premium Contact 6 пневматици, а ќе може да се нарача во девет различни двобојни комбинации.
Купувачите на C-HR GR Sport ќе добијат и специјални детали во кабината – меѓу другото, специјални прагови, GR логоа, седишта обвиени во алкантара, црвени и сиви шевови, кожен управувач и рачка од менувачот со црвени шевови и специјални анимации. Понатаму, ќе добијат и JBL премиум аудио уред, загревање на предните седишта, LED предни светла, Toyota Safety Sense пакет за безбедност и уште многу повеќе…
C-HR може да се добие со два различни погони – првата варијанта е со 1.8-литарскиот хибрид (каков што ние имавме на долгорочно тестирање минатата година), а втората верзија е со новиот, помоќен 2-литарски хибрид, каков што тестиравме неодамна.