Mitsubishi L200 добива опција за голем кровен шатор – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Mitsubishi L200 добива опција за голем кровен шатор

Јапонскиот производител и компанијата GentleTent создадоа голем шатор на склопување за новиот теренец L200.

Како опција ќе бидат понудени два типа на шатори – првиот именуван како GT Roof, тежи околу 25 килограми и се собира во прилично мало пакување, додека вториот поголем шатор, прикажан на сребрениот L200, е наречен GT Pickup и тежи 27 килограми, но тој им дозволува на корисниците да стојат над задниот дел од автомобилот.

И двата шатори можат да се надуваат со приложениот пренослив воздушен компресор.

GT Roof и GT Pickup шаторите биле развиени да можат да се користат и на други возила, за сите оние кои сакаат да избегаат од градскиот метеж и бука. Сепак, само Mitsubishi ги нуди шаторите во своите претставништва.

Јапонскиот бренд исто така разви и некои посебни решенија за кампување за L200. На пример, теренецот може да биде опремен со Primus гасен шпорет кој се извлекува од задниот дел, како и мијалник, кутија за прибор за јадење, приклучоци од 12 волти, боци за вода и неколку куфери за складирање.

Покрај камперските елементи, Mitsubishi нуди специјални додатоци над полумесеците на крилата, како и 20-инчни алуминиумски фелни за моделот L200.

За жал, сега за сега сите овие додатоци се претставени за Германскиот пазар и останува да видиме дали ќе станат достапни и за купувачите во другите земји.



Отсекогаш Филип се интересирал за дизајнот и перформансите на автомобилите, а во срце му лежат легендарните спортски модели со забавен карактер кои можат да ги совладаат свиоците со огромна брзина.