Во Минхен започна производството на новиот BMW М3. – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Во Минхен започна производството на новиот BMW М3.

Баварскиот производител ги лансираше производните ленти на новата генерација на BMW M3 Sedan во Фабриката во Минхен.

Со пристигнувањето на новиот M3, BMW ја комплетираше гамата на Серија 3 во фабриката каде веќе се произведуваат седан и караван изведбите од Серија 3, вклучувајќи ги хибридната, бензинската и дизелската варијанта.

Иако претходната генерација на M4 се произведуваше во Минхен, новата генерација е преместена во фабриката во Динголфинг. Ова ќе му овозможи на BMW да го пренамени процесот на производство на карбонскиот покрив за новиот M3 седан.

Германскиот бренд беше приморан да развие целосно нов пристап кон рачно производство на новите М карбонски седишта. Покрај тоа, поклопецот на моторот и страничните панели исто така ќе бидат рачно произведени и склопени.

Новите BMW M3 Sedan и M4 Coupe ќе пристигнат во Европските претставништва во Март 2021.



Отсекогаш Филип се интересирал за дизајнот и перформансите на автомобилите, а во срце му лежат легендарните спортски модели со забавен карактер кои можат да ги совладаат свиоците со огромна брзина.