Subaru го најавува следниот BRZ! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Subaru го најавува следниот BRZ!

Subaru ја претстави првата фотографија од претстојниот BRZ пред неговото официјално дебитирање на 18-ти Ноември.

Фотографијата само делумно го открива изгледот на новиот BRZ. Поточно го прикажува дизајнот на предните LED светла со облините и линиите над предните тркала, а по малку се забележуваат и црни детали на отворот за вентилација во браникот.

Од претходните шпиунски фотографии може да се заклучи дека автомобилот ќе има голем централен отвор со решетка со крупна текстура на саќе, а покрај него ќе бидат два потесни вертикални отвори за воздух на предниот браник.

Линијата на каросеријата ќе биде позаоблена, со поналегнати ветробрански стакла, додека задниот дел ќе биде пократок и со поизразен спојлер. Се очекува задните светла да бидат споени со потесна вертикална светлечка лента.

Не се потврдени спецификациите, но се шпекулира дека новиот BRZ ќе биде погонуван од 2.4-литарски четири-цилиндарски бензинец кој произведува 220 кс и 240 Nm вртежен момент.

Ова е мало зголемување во однос на актуелната генерација, но повторно моделот BRZ ќе ги фаворизира управувањето и леснотијата пред големата сила.



Отсекогаш Филип се интересирал за дизајнот и перформансите на автомобилите, а во срце му лежат легендарните спортски модели со забавен карактер кои можат да ги совладаат свиоците со огромна брзина.