Новиот Ford Mustang Mach 1 пристигнува и на Европскиот континент – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Новиот Ford Mustang Mach 1 пристигнува и на Европскиот континент

Специјалната серија на Ford Mustang дебитираше на настанот Goodwood Speedweek, пред нејзиното лансирање на Европскиот пазар.

Под поклопецот на моделот се наоѓа 5.0-литарски V8 агрегат, засилен на 460 кс, што е за 30 кс помалку од верзијата наменета за пазарот во САД, како последица на мерките за задоволовање на стандардите за издувните гасови во Европската Унија.

Mach1 е првата сериска изведба на Mustang во Европа, достапна со шест-степениот мануелен менувач TREMEC, а купувачите ќе можат да одберат и 10-степена автоматска трансмисија.

За разлика од стандардниот модел, новиот Mach1 има подобрено ладење на моторот и менувачот, рекалибриран управувач, нови Michelin PS4 пневматици со високи перформанси и постегнато подвозје, а како резултат на тоа е најбрзата верзија на Mustang на тркачките патеки.

Специјалниот модел визуелно се истакнува од стандардната изведба благодарение на украсните ленти на поклопецот на моторот и страничните прагови, уникатната решетка, редизајнираните браници и новите 19-инчни алуминиумски фелни.

Екстериерот ќе може да се нарача во осум бои на каросеријата, со контрастни ленти кои го отсликуваат дизајнот на иконскиот Mach1 Mustang од 1960те и 1970те. Комбинациите вклучуваат сива боја со црни и портокалови шари, сребрена, црна и бела боја со црни и црвени ленти или сина, портокалова, црвена и жолта со црни и бели детали.

Внатрешноста е во темен тон со детали од темен алуминиум, додека кожните спортски седишта имаат сиви опшивки. Моделот е сериски опремен со греење и ладење на седиштата, SYNC3 поврзување, B&O аудио систем со 12 звучници и FordPass Connect систем.



Отсекогаш Филип се интересирал за дизајнот и перформансите на автомобилите, а во срце му лежат легендарните спортски модели со забавен карактер кои можат да ги совладаат свиоците со огромна брзина.