Jeep најавува нешто интересно за SEMA – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Jeep најавува нешто интересно за SEMA

Како и секогаш, Jeep подготвува нешто интересно за SEMA – а оваа година изгледа тоа ќе биде крос-кантри концепт базиран на големиот Gladiator.

Сега за сега – освен оваа скица – од Jeep не објавуваат многу. Кажуваат само дека концептот е „полн со Jeep Performance додатоци“. Сепак, можеме да претпоставиме дека се работи за темелно-модифицирана изведба на големиот Gladiator, чиј заден дел е целосно заменет со некаква „кутија“, која претпоставуваме е конвертирана за патување на долги релации – односно, Overlanding.

Немаме никакви информации ниту за погонот, но бидејќи се работи за Jeep можеме да претпоставиме дека ќе биде супер-способен теренец, а по екстремниот теренски пневматик на местото на резервното тркало…

Овогодинешната виртуелна SEMA започнува на 2ри Ноември, па наскоро ќе ги имаме сите детали.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.