Volkswagen веќе испорача 14.000 примероци од електричниот ID.3 – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Volkswagen веќе испорача 14.000 примероци од електричниот ID.3

Во изјава за новинска агенција, портпаролот на VW Group потврди дека веќе се испорачани 14.000 примероци од електричниот хечбек на Volkswagen.

„Досега имавме околу 38.000 нарачки, а повеќе од 14.000 возила се веќе испорачани“ – потврди претставникот на VW Group за германската новинска агенција ДПА. Ова е особено импресивно ако земеме во предвид дека првиот клиентски автомобил беше испорачан во средината на Септември во Дрезден.

Сепак, Volkswagen и понатаму работи на исполнување на останатите 24.000 нарачки. Според Volkswagen, и покрај одложувањата кои настанаа поради пријавените софтверски проблеми со ID.3, сепак се задоволни од резултатите кои ги постигнува електричниот автомобил. Првите примероци се испорачани со некои деактивирани функционалности, но според Volkswagen тие ќе бидат активирани на почетокот на следната година.

Volkswagen ID.4 1ST Max

Според најавеното, Volkswagen ќе инвестира 33 милијарди евра во електрични возила до 2024-тата година. Германскиот бренд сака да биде водечки производител кога станува збор за електричните возила – и веќе го претстави и ID.4 кој ќе се продава покрај ID.3. Секако, свои електрични возила ќе имаат и другите брендови во рамките на VAG групацијата.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.