COVID предизвикa преполовување на користењето јавен превоз во Германија – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

COVID предизвикa преполовување на користењето јавен превоз во Германија

Актуелната пандемија на коронавирусот најверојатно ќе има долготрајно влијание на начинот на кој луѓето се превезуваат – а ова значи одбивање на опцијата за јавен превоз.

Во едно истражување спроведено од Институтот на Германскиот Воздухопловен Центар за Развој на Сообраќајот, половина од сите испитаници во Германија изјавиле дека помалку често користат јавен транспорт, што е значително намалување во однос на периодот пред пандемијата.

Многу испитаници го идентификувале стравот од здравстен ризик како главна причина за да ги избегнат разните начини на јавен превоз. Овие стравови не се намалуваат, бидејќи истото истражување спроведено во Април, при највисокиот COVID-19 бран во Германија, ги забележало истите резултати.

Покрај тоа што многу луѓе сега работат од своите домови, многу поверојатно е останатите кои патуваат да го направат тоа со својот приватен автомобил. Исто така, пандемијата влијаела и на намалувањето на делење превоз со приватни возила.

Во текот на забраните во Март и Април бројот на луѓе кои користеле јавен превоз во Германија паднал на дури 20% од капацитетот. Во последно време тој пораснал на 60-70 проценти. Покрај ова, интересен факт е тоа што студијата покажала дека жените имале помала загриженост од мажите.

Секако, ова не е тренд кој може да се види само во Германија, бидејќи сите градови и земји низ светот известуваат за помала користеност на јавниот транспорт.



Отсекогаш Филип се интересирал за дизајнот и перформансите на автомобилите, а во срце му лежат легендарните спортски модели со забавен карактер кои можат да ги совладаат свиоците со огромна брзина.