Магазинот TopGear преку две видеа го најавува големиот тест за избор на најдобро возило со високи перформанси за оваа година, и малку подетално ги претставува учесниците.
Вкупно 16 натпреварувачи, со комбинирани 8,553 кс на настан вреден за паметење. Идеално кампување за секој жесток ентузијаст на брзото возење. Музиката ја изведува оркестарот составен од запалени метални цилиндри и измачени гумени пневматици. Храната е лоша, тоалетите уште полоши. Вака момците од TopGear го опишуваат нивниот „Фестивал на брзината“, кој на снимките изгледа спектакуларно.
За што поточно се работи, погледнете ги видеата подолу и уживајте!