Јутуберот 888MF ги спореди силите на двата импресивни суперавтомобили на авионска писта.
И британскиот и италијанскиот модел располагаат со турбо-бензински V8 агрегат, кој во 720S има зафатнина од 4.0 литри, додека во F8 Tributo е малку помал со 3.9 литри. Покрај ова, и двата суперавтомобили произведуваат 710 кс и 770 Nm вртежен момент – кој го испорачуваат кон задните тркала преку седум-степен менувач со двојна спојка.
Според сите спецификации, очигледно е дека моделите на McLaren и Ferrari се многу слични, па да видиме во пракса кој е побрз од нив.