Корејскиот бренд ги објави првите најавни фотографии од претстојниот i20 N, пред да се појави на пазарот во првата половина од следната година.
Hyundai жестоко го тестира малиот спортски автомобил на тркачката патека Нирбургринг во последниве месеци, а овие две слики покажуваат дека ќе следи сличен дизајнерски јазик како неговиот роднина, поголемиот i30 N.
Сè уште не се потврдени спецификациите за погонската единица, но се очекува под поклопецот да се најде 1.6-литарски турбо-бензински мотор со околу 200 кс. Овој мотор најверојатно ќе биде усогласен со рачен шест-степен менувач и ќе ја испорачува силата кон предните тркала преку диференцијал со ограничено пролизгување.
Сите знаци покажуваат дека i20 N ќе се продава исклучиво со мануелен менувач, но бидејќи i30 N и Veloster неодамна добија осум-степена трансмисија со двојна спојка, постои можност тоа да се случи и кај малиот спортист.