ПРЕМИЕРА: Hyundai i20 N Line напаѓа со спортски детали и 120 коњски сили! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

ПРЕМИЕРА: Hyundai i20 N Line напаѓа со спортски детали и 120 коњски сили!

Субкомпактниот хечбек на Hyundai добива 1-литарски T-GDI турбо-бензинец со 120 коњски сили, но и грст спортски детали!

Спортскиот i20 N Line ќе го препознаете по новиот, подлабок преден браник со голема црна маска на ладилникот, новиот заден браник, хромираните завршетоци на издувниот систем, задното светло за магла во триаголна форма и уште неколку детали. Добива и поголеми, 17-инчни тркала, а ќе може да се добие во неколку бои – Phantom Black, Aurora Grey, Polar White и Brass. Сега за сега само Polar White може да се нарача со кров во Phantom Black црна боја.

Hyundai i20 N Line е придвижуван од одличниот 1-литарски T-GDI турбо-бензинец кој испорачува 120 коњски сили и 200 Nm вртежен момент, и кој може да се комбинира со 48-волтен лајт-хибриден систем кој ја подобрува ефикасноста и ја намалува потрошувачката. Немаме официјални податоци за перформансите, но стандардниот i20 опремен со овој мотор забрзува до 100 километри на час за респектабилни 10.2 секунди.

Кабината добива N спортски седишта со црвени опшивки, специјален N спортски управувач, спортска рачка за менувачот и метални педали. Секако, ќе добиете и нов мултимедијален уред со Bluelink поврзување, како и можност за пристап до Hyundai Live Services.

Со N Line серијата на модели, Hyundai сака на купувачите да им ги приближи спортските перформанси на своите купувачи – и токму тоа успева да го направи. Динамичните детали и забавниот мал турбо-бензинец се одличен рецепт токму за тоа.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.