Протекоа првите фотографии од новите BMW M3 и M4! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Протекоа првите фотографии од новите BMW M3 и M4!

На само еден ден пред официјалната премиера, протекоа првите фотографии од новите спортисти на BMW!

Баварците се подготвуваат да ги лансираат новите M3 и M4 – и на помалку од еден ден пред официјалната премиера протекоа првите фотографии.

Од она кое можеме да го видиме на фотографиите, автомобилите се пониски, пошироки и поагресивни од стандардните модели. И двата автомобили ја имаат онаа, контроверзна предница за која на широко се дискутира, но не можеме да негираме дека автомобилите изгледаат агресивно и динамично. Секако, M3 е седан со четири врати, додека М4 е купе-изведбата.

Сега за сега немаме никакви официјални податоци околу моторот кој би се вградувал во новите M3 и M4, но сосем е извесно дека ќе го добијат 3-литарскиот твин-турбо шест-цилиндерски бензинец кој испорачува 480 коњски сили и 600 Nm вртежен момент, и се вградува во X3 М и X4 M. Competition варијантата би требало да има околу 500 коњски сили и истите 600 Nm вртежен момент.

Исто така, BMW најавува дека моделите ќе можат да се добијат со погон на задните, или пак специјално М-прилагоден xDrive погон на сите четири тркала, а во понудата ќе се најде и мануелен, покрај автоматскиот менувач.

Да бидеме трпеливи уште малку – наскоро ќе ги имаме сите детали!



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.