ОФИЦИЈАЛНО: Светска премиера на новата Opel Mokka! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

ОФИЦИЈАЛНО: Светска премиера на новата Opel Mokka!

Генералниот Извршен директор на Opel – Мајкл Лохшелер – ја претстави новата Opel Mokka пред јавноста, и тоа во седиштето на компанијата во Риселсхајм – а тоа всушност ни кажува многу за тоа колку е важна новата Mokka за стратегијата на германскиот бренд кој сега е дел од PSA.

„Со новата Mokka, ние буквално повторно го измисливме Opel. Ние го дизајниравме и развивавме автомобилот од нула овде во Риселсхајм. Целиот тим работеше со невидена страст и непоколеблива посветеност да го одведе Opel во брилијантна и возбудлива иднина. На почетокот на нарачките, новата Mokka е достапна како бензинскo, дизел или чисто електрично возило – клиентот има избор “ – вели Мајкл Лохшелер, извршниот директор на Opel.

Инаку, новата Mokka е првиот модел на Opel со Opel Vizor и Opel Pure Panel – всушност, највпечатлива карактеристика на предниот поглед е непогрешливиот Opel Vizor. Како и кај кацигата за цело лице, заштитниот визир го покрива новото лице на Opel, беспрекорно интегрирајќи ја решетката на возилото, LED фаровите и ново дизајнираниот амблем на молња на Opel Blitz во еден елемент.

Во кабината доминира Opel Pure панел кој интегрира два големи дигитални екрани и се фокусира на најважните работи. За разлика од кабините преоптоварени со информации и контроли, Pure Panel наметнува уникатен и јасен, чист дизајн, а според Opel, дизајнерите придадоа големо значење на дигиталната детоксикација. Со цел да се избегне одвлекувањето на вниманието на возачот, тие обезбедиле интуитивно работење на системот – копчињата сè уште ги контролираат најважните функции, но без да мора да се движат низ подмениjaта.

Веќе ги имаме сите важни информации за новата Mokka – таа ќе биде достапна како целосно-електрична варијанта во форма на Mokka-E, a достапни ќе бидат и конвенционални – но сепак супер-модерни и супер-чисти – турбо-бензински и турбодизел мотори. Електромоторот во Mokka-E соработува со батерија со капацитет од 50 kWh и располага со моќност од 136 коњски сили и 260 Nm вртежен момент. Бензинските и дизел мотори се со моќност од 100 до 130 коњски сили, а од Opel ја истакнуваат врвната ефикасност на овие мотори.

Поврзано:  ТЕСТ: Opel Corsa 1.2 Hybrid eDCT6 Edition - Надградена и помодерна Corsa

Покрај тоа, инженерскиот тим во Риселсхајм работел напорно на намалување на тежината, па во однос на минатата генерација, новата Mokka е и до 120 килограми полесна. Истовремено, посветено е внимание и на подобрување на цврстината на шасијата, па сега Mokka е полесна, подинамична и позабавна. Секако, Mokka ги добива сите напредни мултимедијални системи, системи за активна и пасивна безбендост, како и системи за асистирано, полу-автономно управување со кои располагаат Opel и PSA. Истовремено, воведува и новитети во својот сегмент – IntelliLux LED Matrix предни светла, системи за препознавање на сообраќајни знаци, автоматско паркирање, итн..

Новата Mokka се очекува наскоро да пристигне на пазарите ширум Европа.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.