Еуроимпекс е избран за генерален увозник за Opel за Македонија, Србија, Црна Гора, Косово и Албанија! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Еуроимпекс е избран за генерален увозник за Opel за Македонија, Србија, Црна Гора, Косово и Албанија!

Македонската компанија Еуроимпекс има одлични вести – официјално стануваат генерален увозник за возилата на Opel за регионот!

Opel оди чекор понапред во развој на својата бизнис стратегија на пазарите во Европа, објавувајќи го новиот соработник и увозник за Македонија, Србија, Црна Гора, Косово и Албанија. Со цел да се постигне саканиот пораст во регионот, производителот донесе одлука бизнисот во овие неколку земји да го довери на веќе добро познатата и успешна компанија ЕУРОИМПЕКС како почитуван незавизен локален увозник и соработник. Основана во 1990 како мала компанија со тројца вработени, за трите децении на своето постоење ЕУРОИМПЕКС остварува сериозно голем развој, каде покрај Peugeot, го превзема работењето и на Opel – а со тоа превзема уште еден бренд од групацијата ПСА.

Договорот е потпишан. Со завршниот дел од оваа трансакција, ЕУРОИМПЕКС станува генерален увозник за Македонија, Србија, Црна Гора, Косово и Албанија. Сите вработени лица во канцеларијата на Опел одговорни за овие пазари, согласно законите ќе бидат превземени од компанијата најдоцна на денот на завршување на трансакцијата. Трансакцијата и лансирањето на новиот бизнис модел, ќе бидат активирани по официјалното одобрување од надлежните инситуции за заштита на конкуренцијата.

Одлуката уште еднаш потврдува дека сè се одвива согласно целите зададени во нашиот PACE! стратегиски план. Овој нов модел ќе допринесе нашите продажни планови во почитуваните земји, да бидат поагилни, ефикасни и согласно истото, поконкурентни,“ – изјави г-динот Хавиер Дукемин, Извршен директор за продажба, пост-продажба и маркетинг во Opel/Vauxhall и додаде – „длабоко сме уверени дека по оваа одлука нашиот бренд ќе има многу подобри резултати во Северна Македонија, Србија, Црна Гора, Косово и Албанија.“

ЕУРОИМПЕКС ја започна соработката со Peugeot во 1992 година, а првиот договор за соработка беше потпишан во 1994 година. ЕУРОИМПЕКС веќе пет години е генерален увозник за Peugeot за сите пет гореспоменати балкански земји. До почетокот на оваа соработка, повеќе од 20.000 Peugeot возила се продадени.

Поврзано:  ТЕСТ: Opel Corsa 1.2 Hybrid eDCT6 Edition - Надградена и помодерна Corsa

Ова се одлични вести и навистина сме горди што македонска компанија го презема застапништвото за едне огромен бренд како Opel за целиот регион. На нашите пријатели од Еуроимпекс им посакуваме многу успех со новиот бренд, многу продадени автомобили и многу, многу среќни и задоволни клиенти! Со среќа!



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.