Во салонот на Toyota во Скопје веќе е изложен најновиот Toyota Yaris!
Новиот Yaris е навистина нов – добива нова платформа, нови мотори, нов дизајн и нови технологии! Yaris сега е поставен на модуларната TNGA платформа на јапонскиот гигант, која веќе добро ја познаваме – се користи кај C-HR, како и кај новата Corolla – но поради новите димензии добива и ново име – GA-B.
Интересно, новиот Yaris е 5 милиметри пократок и одлични 40 милиметри понизок, но истовремено има 50 милиметри подолго меѓуоскино растојание и е 50 милиметри поширок. Сето тоа значи забележително повеќе простор во кабината. Дополнително, благодарение на новата платформа, новиот Yaris (во зависност од изведбата) е до 50 килограми полесен од својот претходник.
На нашиот пазар, Yaris може да се добие со 1-литарски бензинец со 72 коњски сили и 5-степен мануелен менувач, 1.5-литарски бензинец со 125 коњски сили и 6-степен мануелен менувач, како и со хибриден погон со 125 коњски сили и CVT автоматски менувач. Цените започнуваат од 13.490 за основниот бензинец во Light ниво на опрема, односно 17.990 за основниот хибриден Yaris во Fancy ниво на опрема.
Новиот Yaris веќе може да се погледне во салонот на Toyota!