Со неколку намерно затемнети фотографии, Hyundai ја најавува премиерата на новиот Tucson – кој ќе биде навистина различен од досегашниот модел!
Tucson е вистински бестселер за Hyundai – како ширум светот, така и кај нас – и токму затоа со нетрпение ја очекуваме премиерата на најновата, четврта генерација на јужно-корејскиот SUV.
Според Hyundai, маската на новиот Tucson е „како од скапоцени камења“, а интегрираните дневни светла се забележуваат само кога се вклучени. Препознаваме агресивни браници, интегрирани дифузер во задниот браник, како и едноделна задна светлосна група.
Останува само да почекаме уште две седмици до премиерата на новиот Hyundai Tucson.