Hyundai ги најавува освежената Kona и спортската Kona N Line! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Hyundai ги најавува освежената Kona и спортската Kona N Line!

Корејскиот бренд се подготвува да ја освежи Kona, но и да ја претстави спортската верзија на својот компактен SUV.

На официјалните скици можеме да забележиме затегнати линии, како и прилично драстични измени на предниот дел на Kona. Особено интересно изгледаат дневните светла, како и 2х3 светлата поставени под нив. Според Hyundai, редизајнираниот преден браник кој има дополнителен заштитен панел на Kona ѝ дава лик „како да е блиндирана“.

Дополнително, Hyundai објави скица и од Kona N Line, која изгледа уште поагресивно. Предниот дел ќе добие маска со посебна мрежа, како и редизајнирани браници со поголеми отвори за воздух, а добива и мали отвори за воздух на веднаш над маската.

Останува да бидеме трпеливи уште малку, за да ги видиме финалните дизајни.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.