Youtube каналот Lovecars ги спореди силите на двата електрични спортски седани во правец од 400 метри на авионска писта.
Иако споредените верзии се малку послаби од најсилните изведби Turbo S и P100D, сепак и тие се неверојатно брзи со оглед на нивните димензии и тежина. Поготово на врнежливо време како што е и кај нас деновиве, многу веројатно дека се побрзи од 99% од останатите автомобили на патиштата.
Точните бројки од спецификациите на моделите се:
- Porsche Taycan Turbo – 680 коњски сили и 850 Nm;
- Tesla Model S P90D – 532 коњски сили и 931 Nm;
Погледнете го дуелот и обидете се да го погодите победникот!