Електричниот Škoda Enyaq iV ќе дебитира на 1ви Септември! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Електричниот Škoda Enyaq iV ќе дебитира на 1ви Септември!

Чешкиот бренд најави дека електричниот Enyaq ќе дебитира за нешто повеќе од еден месец.

Премиерата на првиот електричен кросовер на Škoda е закажана за 1-ви Септември, во Прага. Škoda веќе забрзано ги финишира подготовките околу Enyaq iV и се подготвува да го покаже својот прв модел базиран на MEB платформата наменета за електрични возила.

Според најавените спецификации, најекономичната изведба на Enyaq iV ќе може да помине 500 километри со едно полнење, а ќе доаѓа со технологија за брзо полнење со моќност до 125 kW. Основниот модел ќе доаѓа со погон на задните тркала благодарение на задно-поставен мотор со моќност од 148 коњски сили, како и батерија со капацитет од 55 kWh. Понатаму, ќе се нуди верзија со 180 коњски сили и батерија со капацитет од 62 kWh и врвната изведба со мотор од 205 коњски сили и батерија со капацитет од 82 kWh.

Понатаму, ќе бидат достапни и две верзии со погон на сите четири тркала кои ќе имаат 265 или 305 коњски сили, кои ќе користат батерија со капацитет од 82 kWh и ќе можат да поминат околу километри. Најмоќната изведба – онаа со 300+ коњски сили – ќе ја носи ознаката RS и ќе забрзува до 100 километри на час за нешто над 6 секунди.

Наскоро ќе ги имаме сите детали!



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.