ПРЕМИРА: Toyota Corolla Cross – Некаде меѓу хечбек и кросовер… – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

ПРЕМИРА: Toyota Corolla Cross – Некаде меѓу хечбек и кросовер…

Новата Corolla Cross го доживеа своето деби во Тајланд, но од Toyota кажуваат дека кросовер-изведбата на Corolla ќе се понуд и на други пазари.

По сè изгледа Toyota ќе ја проширува својата понуда на Cross модели. По Yaris Cross кој беше претставен неодамна, денес светлината на денот ја здогледа и новата Corolla Cross.

Поставена на новата TNGA-C платформа на која се поставени и други модели на Toyota, Corolla Cross ќе се нуди во бензинска изведба, но многу пологични и поочекувани се хибридните модели. Доколку – односно кога ќе – пристигне во Европа, Corolla Cross ќе ги добие двете изведби на 1.8-литарскиот хибриден погон на Toyota, во комбинација со CVT менувач.

Интересна е одлуката на Toyota да ја дизајнира Corolla Cross да наликува на поголемиот RAV4 – всушност, Corolla Cross воопшто не изгледа како ниту една изведба на Corolla. Тоа навестува дека можеби на други пазари, Corolla Cross ќе се нуди под сосем друго име. Сепак, признаваме дека изгледа интересно – и воопшто не би биле изненадени ако Corolla Cross (со оглед на трендовите да се купуваат кросовери и SUV модели) стане вистински хит меѓу купувачите.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.