Регулаторната Комисија за Енергетика тукушто објави дека од вечерва на полноќ цените на горивата ќе се зголемат за по половина денар.
Во согласност со методологијата која РКЕ ја користи за да ги пресмета цените на горивата, од вечерва на полноќ максималните малопродажни цени се зголемуваат во просек за 1.05%.
Цените на ЕУРОСУПЕР-95, ЕУРОСУПЕР-98 и ЕУРОДИЗЕЛ се зголемуваат за по 0.50 денари. Соодветно на тоа, еден литар ЕУРОСУПЕР-95 ќе чини 61.00 денари, еден литар ЕУРОСУПЕР-98 ќе чини 63.00 денари, а еден литар ЕУРОДИЗЕЛ ќе чини 52.00 денари.
Новите цени стапуваат на сила вечерва на полноќ и ќе важат со следната пресметка, закажана за следниот понеделник.