Македонска премиера на новатa Škoda Octavia! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Македонска премиера на новатa Škoda Octavia!

Новата Octavia тукушто ја имаше својата македонска премиера – дознајте сè за најновата генерација на најпопуларниот модел на Škoda!

Кажете ѝ добредојде на новата Škoda Octavia. Новата Octavia прави огромен чекор напред – не само што е поголема, туку доаѓа и со целосно-нов дизајн, грст нови технологии, нови мотори и уште повеќе Simply Clever детали. Во однос на сега веќе старата Octavia, новата е подолга за 19 милиметри и поширока за 15 милиметри, со меѓуоскино растојание од одлични 2686 милиметри – а сето ова ветува продолжување на традицијата Octavia да биде вистински рекордер во просторната понуда.

Новата Octavia добива значително помодерен и поекспресивен дизајн. Секако, ги задржува карактеристиките за чист, прегледен и остар дизајн, но сега изгледа значително посовремено.

На предниот дел едноставно доминираат предните светла со LED технологија, додека на задниот дел најголемиот дел од вниманието го задржуваат светлата со изразено-тродимензионални форми. Octavia и понатаму е рекордер кога станува збор за простор во багажникот – на располагање стои багажен простор со капацитет од дури 600 литри!

Octavia воведува и нова дизајнерска филозофија кога станува збор за кабината. Веднаш паѓа во око новиот, двокрак волан на кој се поставени многу од контролите – всушност, дури 14 различни функционалности можат да се контролираат без да ги тргате рацете од управувачот. Централната конзола е редизајнирана за да понуди елеганција, додека во кабината се користени меки, премиум материјали.

Octavia и добива нови Virtual Cockpit дигитални инструменти, супер-остар head-up дисплеј, три-зонски Climatronic клима уред, премиум аудио уред, а ќе ги истакнеме и ErgoComfort седиштата со напредна ергономија, кои за прв пат се нудат во овој модел.

Во моментов на нашиот пазар Octavia се нуди со 1.5 литарски TSI EVO турбо-бензинец кој испорачува 150 коњски сили кој чини 19.700 Евра во Ambition, односно 22.510 во Style ниво на опрема, или пак со 2-литарскиот турбодизел со 115 или 150 коњски сили кој чини од 21.200, па сè до 27.910 Евра во зависност од нивото на опрема, моќноста и менувачот кои ќе ги одберете.

Поврзано:  Skoda покажа блиндирана верзија на оригиналниот Kodiaq

Понатаму во понудата ќе се најдат и други изведби, меѓу кои и жешката, плаг-ин хибридна Octavia RS iV. За повеќе информации, посетете го салонот на Skoda или официјалната веб-страница.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.